Македонската ракометна репрезентација вечерва (20.30 ч.) ќе го одигра последниот натпревар на европското првенство во Дебрецен. Со оглед на двата порази во првите два меча, шансите за успех против еден од главните фаворити за златото, селекцијата на Данска, се рамни на сензација.
И светските обложувалници со своите квоти за денешниот дуел ја потврдуваат оваа констатација. Имено за победа на Данска квотата не била никогаш помала (1.02), а со оглед на тоа што и хендикепот на победа на Данците е прилично висок, обложувалниците се уверени во тотална доминација на скандинавците.
Хендикепот се движи околу 8,5, што значи дека се освен пораз на Македонија од најмалку 8 гола разлика би бил изненадување. Останува момците на Лазаров да се обидат да ги побијат овие букмејкерски пресметки и да покажат дека не случајно се дел од овој континентален собир.