вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Црногорски медиуми: Македонците се светско чудо

Во текстот велат дека ниту една црногорска туристичка агенција во јануарската понуда не стави организирано заминување на Европското ракометно првенство во Хрватска. Таму се вели дека се бројни македонските агенции кои нудат аранжман, вклучувајќи превоз, сместување во текот на шест дена и три карти за влез во првата фаза на ЕП, кои чинеле 250-300 евра.
Црногорски медиуми: Македонците се светско чудо

Присуство на неколку илјади Македонци на трибините во салата „Арена“ во Загреб, но и на речиси сите големи спортски натпреварувања на кои учествуваат жолто-црвените, е феномен кој во многу други држави се обидуваат, засега неуспешно, да го разјаснат и да го објаснат на сопствената јавност.

Црна Гора се гордее со ракометарот кој освоил два олимписки медали со репрезентацијата на СФРЈ и беше прогласен за најдобар на светот во 1988 година- Веселин Вујовиќ се разбира. За жал, го имаат како учител Словенците, но тоа е веќе долга/друга приказна. Од Црна Гора по потекло се шест играчи кои во разни облици на заедничката држава, добиле одличја на планетарните шампионати (покрај Вујо, тука се Петар Каписода, Блажо Лисичиќ, Ратко Ѓурковиќ, Горан Ѓуќановиќ), пет играчи знаат како е да се биде меѓу тројцата најдобри на европските собири (Вујовиќ, Лисичиќ, Никола Аџиќ, како и Предраг и Ненад Перуничиќ). Ниту еден Македонец се уште не се нашол на подиум на некое големо натпреварување. Во ракометната традиција значи ги „шиеме“, се вели во текстот „fosmedia.me“.

Во текстот се пишува дека дамите се тие кои донеле успех во ракомет откако Црна Гора е независна, кои го донеле првиот медал по независноста, како и двете титули на Будуќност во Лигата на шампионите. Во текстот на црногорскиот портал се пишува и дека македонскиот ракомет има успеси, со титулите на Кометал Ѓорче Петров во 2002 година и Вардар во 2017 година.

Просечната плата во Македонија во октомври минатата година изнесувала 23.356 денари, според официјалниот курс 379 евра. Соговорниците од Скопје ќе ви кажат дека една достигнува и 300 евра. Црногорците, оние вработените секако, повторно во прашање е податок за октомври, во просек имаат 511 евра. Подгорица од Загреб е оддалечена 714 километри. Скопје од Загреб е оддалечено 825 километри, пишува во текстот на „fosmedia.me“.

Во текстот велат дека ниту една црногорска туристичка агенција во јануарската понуда не стави организирано заминување на Европското ракометно првенство во Хрватска. Таму се вели дека се бројни македонските агенции кои нудат аранжман, вклучувајќи превоз, сместување во текот на шест дена и три карти за влез во првата фаза на ЕП, кои чинеле 250-300 евра.

Натпреварите на црногорската репрезентација во загрепската Арена ја следа стотина навивачи „лавови“. Натпреварите на македонската репрезентација на глас и со аплаузи ги оплемени три до четири илјади припадници на „Фалангата“.

Во текстот се пишува дека Македонците кои со својата поддршка на Кирил Лазаров и соиграчите им предизвикаа определено дивеење на ракометна Европа и ладна рамнодушност на Црногорците за спорт со кои се гордеат како „национален“.

Текстот на новинарот Бранко Кривокапиќ може да го прочитате на следниот линк.