понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ФОТО: Македонската „фаланга“ од Виена замина на пат за Краков!

ФОТО: Македонската „фаланга“ од Виена замина на пат за Краков!

Ракометна Македонија и овој јануари ќе пулсира со репрезентативците. Овој пад збирно место на популарната македонска „фаланга“ ќе биде полскиот град Краков, каде што избраниците на Кирил Лазаров ќе ги одиграат натпреварите од првата групна фаза од СП.

Утрово, група од околу сто македонски навивачи од Виена тргнаа за Краков, каде што ќе имаат задача да им дадат поддршка на младите македонски ракометари. Македонски фанови ќе има од цела Европа, па како и на секој досегашен голем ракометен собир така и во арената „Таурон“ се очекува да преовладува црвената боја.

Македонија првиот натпревар го игра вечерва, против моќната Норвешка. В недела нè чека средба со Холандија, а по два дена ќе се судриме со Аргентина.

извор+фото: gol.mk