Голем проблем за селекторот на Македонија, Раул Гонзалез пред стартот на мечот против Словенија, каде што Македонија ќе го отвори настапот на Европско првенство во ракомет во Хрватска.
Желбата на Немања Прибак иако беше преголема за настап на овој натпревар, сепак не беше и посилна од повредата, со што плејмејкерот на нашата репрезентација и на турски Бешикташ сигурно нема да настапи на отворањето на првенството против Словенија.
Како што пишува порталот „Спортклуб.мк“, натурализираниот македонски репрезентативец е во „цивилка“ заедно до погоре споменатите тројца, како и Гонзалез и Вујовиќ кои од трибините во Арена Загреб го следат мечот Германија – Црна Гора.