понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Гонзалес: Не бевме најдобри, но задоволен сум што сме први

Гонзалес: Не бевме најдобри, но задоволен сум што сме први

Тренерот на Вардар Раул Гонзалес е задоволен од освоеното прво место во групата и директно обезбеденото четвртфинале во Лигата на шампионите.

Македонскиот и актуелен европски првак вчеравечер одигра нерешено 31:31 со Висла од Полска, а на прес-конференцијата по натпреварот Гонзалес изјави дека иако тимот не бил на висината на задачата, сепак е задоволен од крајниот пласман.

– Нашата одбрана не беше на вистинското ниво на средбата против Висла. Имавме проблеми и тоа се виде на теренот. Висла одигра подобро од нас, но јас сум задоволен што успеавме уште една сезона во тешка група да обезбедиме прво место. Имавме силни противници, но сите дадовме се од себе, рече шпанскиот стручњак.

Првиот четвртфинален натпревар екипата на Вардар ќе го игра на гостински терен во периодот од 18/22 април, а реваншот ќе биде во Скопје во периодот од 25/29 април.