сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Холандија го задржува селекторот до 2026 година

Холандија го задржува селекторот до 2026 година

Ракометната федерација на Холандија одлучи да ја продолжи соработката со селекторот на женската ракометна репрезентација Пер Јохансон.

Швеѓанецот иако на Европското првенство 2022 не ги оствари зацртаните цели со неговите избранички, сепак, доби нова доверба од холандската куќа на ракометот.

Јохансон на кормилото на некогашниот светски шампион ќе остане најмалку до 2026 година. Поранешниот тренер на Ростов Дон ги предводи ,,лалињата” веќе една година и на континенталниот собир минатата година во нашата земја го имаше деби настапот како селектор на холандската репрезентација.