четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Холандија прокоцка +6, Норвешка максимална во главната фаза на СП

Холандија прокоцка +6, Норвешка максимална во главната фаза на СП

Ракометарите на Норвешка искусно го решија натпреварот пртоив Холанѓаните, враќајќи се од шест гола негатива за победа од 26-27 (17-13). Скандинавците така го обезбедија првото место и во главната фаза ќе пренесат максимални четири бода, добивајќи го ривалот во директна битка за врвот.

Натпреварот започна со одлична игра на „лалињата“, бидејќи први поведоа со два разлика, предност која ја одржуваа и потоа и зголемија. Норвежаните како да беа изненадени, па доста грешеа и ривалот се одлепи двапати на највисоките +6. На одмор пак се замина со 17-13 за Холанѓаните.

На стартот на продолжението момците на Штафан Олсон продолжија добро, меѓутоа бргу следеше пад во играта. Норвешка врза серија од 8-2 со која од минус пет дојде во позитива од два гола. Финишот беше драматичен, Холанѓаните константно бркаа гол-два негатива, меѓутоа немаа сили да се вратат. Искусно, рутинирано и шампионски Норвешка го доби натпреварот казнувајќи ги сите противнички грешки.

Сандер Сагосен со седум погодоци беше најдобар стрелец на натпреварот, додека кај ривалот се истакнаа Бенгхамен и Смитс со по шест.