понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Контроверзните судии ќе делат правда на мечот меѓу Македонија- Данска

Контроверзните судии ќе делат правда на мечот меѓу Македонија- Данска

Македонската репрезентација денеска го игра својот последен натпревар од втората фаза на Европското првенство, а противник ќе ни биде Данска.

Македонија вчера со поразот од Чешка ги загуби шансите за пласман во полуфиналето, па денеска против Данците ќе играме за третото место во групата и битка за петтата позиција на шампионатот.

ЕХФ денеска ги делегираше и делителите на правдата, па нашиот меч ќе го суди контроверзната литванска судиска двојка Миндаугас Гателис – Ваидас Мажеика.

Двајцата судии се на удар на критики на ова ЕП и имаат голем број контроверзи, особено по оној пенал во последната секунда на мечот помеѓу Словенија и Германија во првата фаза.

Натпреварот помеѓу Македонија и Данска се игра денеска со почеток од 18:15 часот.