понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Костески: Не ми е важно дали ќе играм јас или Ненад, важна е Македонија

Костески: Не ми е важно дали ќе играм јас или Ненад, важна е Македонија

Никола Костевски после шест години се врати во репрезентативниот дрес. Добрите игри во чешкиот тим Плзењ беа доволна причина за да селекторот Кирил Лазаров го повика за ЕХФ-неделата во која Македонија ќе одигра два пријателски меча против Грција во Солун на 3. и 4. ноември.

Искусното десно крило за првпат оваа позиција ќе ја дели со неговиот помлад брат, Ненад.

„Животна желба ми беше да играм заедно со брат ми во репрезентацијата. Сега сме овде двајцата во тимот. Играме на иста позиција, но не го гледам ова како конкуренција. Ние сме тука, спремни да помогнеме на репрезентацијата, не е битно кој ќе биде на терен, битно е тој што на денот ќе биде поспремен, подобар да го дава максимумот на теренот. Не ми е важно кој кога е во прашање Македонија“, изјави Никола Костески.