недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров со четири промени во составот за Турција: Се враќа Манасков

Лазаров со четири промени во составот за Турција: Се враќа Манасков

Македонската ракометна репрезентација утринава отпатува за Ван, каде утре од 16 часот го игра својот натпревар со репрезентацијата на Турција во 2.коло од квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Селекторот Кирил Лазаров направи неколку промени во составот за овој втор натпревар, во однос на дуелот против Луксембург. Во тимот се враќа Дејан Манасков на местото на Петар Атанасијевиќ, а на списокот се и голманот Мартин Томовски, Михајло Младеновиќ и Костадин Петров. Од ние што играа против Луксембург отпаднаа Марко Стојковиќ, Марко Кизиќ, а повторно нема да добие шанса Марко Митев.

Македонија ќе настапи со следниве ракометари:

Митревски, Томовски, Кузманоски, Манасков, Георгиевски, Костески, Петров, Маркоски, Пешевски, Серафимов, Јагуриновски, Талески, Атанасијевиќ, Џонов, Кузмановски, Младеновиќ, Ѓоргиев.