среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонија осумнаесетта на ракометната мапа во Европа

Македонија осумнаесетта на ракометната мапа во Европа

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ја објави најновата листа според која Македонија се наоѓа на осумнаесеттото место во конкуренција на сите селекции од Стариот континент.

Рангирањето доаѓа во пресрет на квалификациите за СП 2025, а земјите се рангирани според бодовите освоени на последните две СП и едно ЕП од 2021 до 2023. Македонија на листата има 94 бода.

Лидер на листата е Данска со 448 бода, пред Шведска и Шпанија, а ТОП-10ката ја комплетираат Франција, Норвешка, Германија, Унгарија, Хрватска, Исланд и Словенија.

Целосната ранг-листа на ЕХФ: