среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонија по втор пат поразена од Србија

Македонија по втор пат поразена од Србија

Македонската машка ракометна репрезентација го загуби и вториот пријателски натпревар против Србија кој се одигра во Ниш.

Во текот на вчерашниот ден избраниците на Кире Лазаров беа поразени со 29-26, додека пак денеска негативата беше поголема и доживеавме пораз од 33-23. Домаќините беа далеку порасположени за игра, одиграа поквалитетно на двете страни на теренот во двете полувремиња и со тоа стигнаа до убедлив триумф против „црвено-жолтите“.

По овие две контролки селектор Лазаров дефинитивно има појасна слика за тоа кои играчи во иднија би можел да ги вклучи во А селекцијата.