сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонскиот ракометен репрезентативец Кузмановски позитивен на коронавирусот

Македонскиот ракометен репрезентативец Кузмановски позитивен на коронавирусот

Филип Кузмановски, кој е дел и е еден од нашите најдобри ракометари во Македонската репрезентација е позитивен на коронавирусот. Оваа информација ја сподели неговиот клуб, германскиот бундеслигаш Хановер.

Според обајвата на официјалната страница на Хановер, нашиот бек позитивниот тест го добил по враќањето од Египет каде настапуваше за Македонската репрезентација на Светското првенство во ракомет.

Како што информираат, немал никакви директни контакти со играчите и е во домашна изолација.

За жал, Кузмановски некое време нема да може да игра за својот тим.