петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Маркоски: Мора да дадеме свој максимум и да се надеваме на позитивен резултат

Маркоски: Мора да дадеме свој максимум и да се надеваме на позитивен резултат

Ракометарите на Македонија ги очекува пресметката со Норвешка, на отворањето на Мундијалот кој се игра во Полска и Шведска. Избраниците на Кирил Лазаров не можеа ниту да помислат на потежок противник на почетокотт на турнирот, па веднаш се оди на најтешкиот испит во групата.

Во пресрет на натпреварот, на утринскиот брифинг своите очекувања ги изнесе Никола Маркоски.

„Минавме добар припремен период, се подготвувавме чекор по чекор. Се надевам дека спремни ќе го дочекаме денешниот натпревар. Норвежаните играат скандинавски ракомет, тешки се за претходна подготовка. Од нас се очекува да дадеме максимум и да се надеваме на позитивен резултат. Тешко е да се навикнеме на новиот стил, ама секогаш сме сконцентрирани на тренинзите и го прифаќаме тоа што го кажува селекторот“, изјави Маркоски.

Норвешка има улога на домаќин на хартија и фаворит на овој натпревар, Македонија нема што да загуби и мора да оди да се надигрува. Средбата во „Таурон Арена“ се игра денес во 20:30 часот.

фото: gol.mk