После денешниот пораз на Македонија од страна на Чешката репрезентација, поддршка за македонските репрезентативци изрази лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Поддршка за македонските ракометари. Нашите срца чукаат за “црвено-жолтите” секогаш и секаде. Пожртвуваноста и мотивот ќе донесат победи на кои заеднички ќе се радуваме. За нашата Македонија!, напиша на Фејсбук Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.