Вардар следната сезона останува без најдобриот голман на светот, Арпад Штербик, кој потпиша двегодишен договор со Везпрем.
Откако Штербик реши да го напушти Вардар голем број голмани се споменуваа како негова замена, дел од нив и големи ракометни ѕвезди како Ландин, Шариќ, Алиловиќ… но изборот на Вардар падна изгледа на далеку понепозната опција.
Според добро упатениот „Балкан-Хендбол“, замена за Штербик во дресот на европскиот првак ќе биде талентираниот 22-годишен српски голман Дејан Милосављев. Тој е голман на Партизан и дел од поширокиот список на националниот тим на Србија.
Па така практично следната година во Вардар голманската позиција ќе биде комплетно српска. Во тимот како прв голман ќе остане Страхиња Милиќ, а негова резерва ќе биде Милосавлјев, додека со голманите како тренер ќе работи прославениот Дејан Периќ.