сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Никола Карабатиќ е Ковид позитивен

Никола Карабатиќ е Ковид позитивен

Само неколку часа откако беше потврдена лошата вест и дијагнозата на Недим Ремили, уште лоши вести стигнаа во таборот на Франција.

Голманот Винсен Жерар поради семејни причини, семејна трагедија нема да биде дел од репрезентацијата на стартот на подготовките.

Никола Карабатиќ, Јанис Лене и Беноа Конку, пак, се тројцата ракометари на француската репрезентација чии тестови за Ковид пред стартот на подготовките за ЕП 2022 се позитивни.
Тие тројца сега ќе мораат во изолација да го одлежат периодот додека не добијат негативни тестови, а селекторот Гијом Жил како замена повика тројца други ракометари.

Голманот Весли Пардан, бекот на Монпеље што добро го запаметивме од мечот со Вардар – Жулиен Бос и крилото на Нант Тибо Бриe се трите нови имиња во составот.