четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Норвешка не е несовладлива, Македонија еднаш веќе ги има победено моќните скандинавци

Норвешка не е несовладлива, Македонија еднаш веќе ги има победено моќните скандинавци

Ракометната репрезентација на Македонија ќе го отвори Светското првенство со средба против еден од главните кандидати за злато, селекцијата на Норвешка. „Таурон Арена“ во Краков ќе биде домаќин на нашиот национален тим во групната фаза, а првиот ривал не можеше да биде потежок.

За величината на Норвежаните во овој спорт нема потреба да се зборува. Не е изненадување што традицијата е на нивна страна. Сепак, Македонија може да се пофали дека во пет меѓусебни средби од 2009 наваму двапати извлече позитивен резултат. Наспроти трите норвешки победи, македонскиот тим славеше во квалификациите за Европското првенство во 2009 (30-29), додека на евро-шампионатот во 2016 година против Норвежаните го извлече единствениот бод (31-31).

Петте меѓусебни пресметки на Македонија и Норвешка:
24.01.2009 – Македонија – Норвешка (27-29, Светско првенство)
10.06.2009 – Норвешка – Македонија (36-30, квалификации за ЕП)
21.06.2009 – Македонија – Норвешка (30-29, квалификации за ЕП)
25.01.2016 – Македонија – Норвешка (31-31, Европско првенство)
21.01.2017 – Норвешка – Македонија (34-24, Светско првенство)

Традицијата, квалитетот и фаворитската улога се на страната на противникот. Токму поради тоа момците на Кирил Лазаров немаат што да загубат и мора без притисок да влезат и да се надигруваат против Норвешка на стартот на мундијалската група.