недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

По двомечот со Македонија: Дански репрезентативец позитивен на коронавирус

По двомечот со Македонија: Дански репрезентативец позитивен на коронавирус

Данскиот ракометен репрезентативец Ханс Линдберг е позитивен на Ковид-19, објави денеска Ракометната федерација на Данска, пренесе СпортМедиа.

Крилниот играч на Данска бил позитивен на тестирањето што е спроведено пред нивното напуштање на кампот на репрезентацијата. Сите други играчи се негативни.

Ханс Линдберг (39) е ракометар на Берлин кој имаше кам-бек за репрезентацијата на двата натпревари со Македонија. Немаше забележителна минутажа, но играше и беше во контакт со македонските репрезентативци, пренесе порталот.