Управниот одбор на Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) денеска едногласно го разреши Ненад Шоштариќ од селекторската функција на женската сениорска репрезентација, а веднаш за нов селектор го избра Ивица Обрван (57).
Шоштариќ веќе има нова работа и тоа на клупата на Загреб кој игра во ЛШ во иста група со Пелистер, додека на негово место доаѓа поранешен предводник на македонската машка селекција.
Обрван во досегашната кариера предводеше екипи како Метковиќ, Медвешчак, Загреб, Горење Велење и Шамбери, а освен на Македонија беше и селектор на Босна и Херцеговина.
Женската репрезентација на Хрватска за еден месец ја очекува настан на Светското првенство (СП) во Шведска, Данска и Норвешка, па на новиот селектор му останува исклучително кратко време да ја подготви репрезентацијата.