понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Романскиот селектор поднесе оставка по поразот од Македонија

Романскиот селектор поднесе оставка по поразот од Македонија

Селекторот на романската ракометна репезентација Чави Пасквал вечерва поднесе оставка по неуспехот во бараж двомечот со Македонија.

Романија се надеваше на пласман на Мундијалот под раководство на шпанскиот стручњак, но доживеа убедлив пораз во Скопје и оствари минимална победа на реваншот во Клуж.

– Нема да можам повеќе да имам обврски и во репрезентација и во клуб. Им благодарам на играчите и на сите вклучени во репрезентацијата. Можеби не ги остваривме резултатите кои ги очекувавме, но оваа земја е горда на своите ракометари, истакна актуелниот тренер на Барселона.

Романските медиуми наведуваат дека освен неуспешните резултати во баражите, причина за оставката на Пасквал е и притисокот од Барселона, која му даде нов договор и бара да се концентрира само на клупските обврски.