недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Седум македонски дебитанти ќе ја почувствуваат убавината на Мундијалите!

Седум македонски дебитанти ќе ја почувствуваат убавината на Мундијалите!

Македонија како никогаш досега помлада ќе настапи на еден голем ракометен собир. Легендите Лазаров, Стоилов, Миркуловски, Ристовски… нема повеќе да ги гледаме во дресот со националниот грб, а нивното место го зазедоа момци од кои се очекува да бидат иднината на македонскиот ракомет.

Така, Македонија на Светското првенство во Шведска и Полска ќе настапи со плејада млади момци, а во ростерот на селекторот Кирил Лазаров има дури СЕДУМ дебитанти. Тоа се Павле Атанасијевиќ, Петар Атанасијевиќ, Марко Стојковиќ, Томи Јагориновски, Иван Џонов, Михајло Младеновиќ и Коста Петров.

Македонија веќе подолго време е во фаза на подмладување на тимот, но како никогаш досега не настапила со толку млади ракометари и толку дебитанти. Но, и покрај овој факт, репрезентативците во подготвителниот дел покажаа дека поседуваат квалитет и мотив да се надигруваат со најдобрите на светот.

„Новата“ Македонија своето деби на овој шампионат го има вечерва, против големиот фаворит Норвешка (20:30).