среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Симиќ ги расплака Словенците, Црна Гора во главната фаза

Симиќ ги расплака Словенците, Црна Гора во главната фаза

Селекцијата на Црна Гора оди во втората фаза на Европското ракометно првенство после победата со 33-32 во директниот дуел од нашата група и повторно голманот Небојша Симиќ кој одбрани три седмерци во низа во завршните пет минути, од кои два во последните 120 секунди.

Симиќ немаше блескава партија по број на одбрани, зашто собра само шест, ама кога беше најпотребно одбрани три седмерци за да ги откаже Словенците и тоа во клучната завршница од мечот, кога секој гол и беше потребен на Словенија.

Само еднаш Црна Гора поведе во мечот до пет минути пред крајот, кога имаа 8-7 во воведната фаза, а сѐ потоа беше во знак на Словенија и делуваше дека Словенците ќе победат, ама храбрите Црногорци не се предадоа ни кога имаа најголеми четири гола негатива во првата половина од вториот дел, па на крај се вратија, поведоа и потоа Симиќ стапи на сцена за да ги откаже Словенците.

Бранко Вујовиќ даде девет гола, Грбовиќ додаде седум, а Милош Вујовиќ погоди петпати. Доленец и Кодрин со по шест гола беша најефикасни кај Словенија.