Машката ракометна репрезентација на Македонија одигра пријателски натпревар против Србија кој го загуби со 29-26, иако настапуваше со Б-тим поточно раометари кои настапуваат од домашното првенство
Србите имаа водство од самиот старт, а Македонија беше таа што бркаше. Најблиску што нашиот национален тим беше до ривалот беше два гола негатива пред крајот на првиот дел (17-15), но немаше сила во вториот дел да направи нешто повеќе.
Најдобар кај победникот беше новиот ракометар Пешмалбек со шест гола, пред Радојковиќ со четири, додека кај Македонија, Кузманоски имаше седум гола, пред Костески, Јагуриновски и Симоновски со по три. Голманот Кизиќ запиша седум одбрани.
Србија и Б-тимот на Македонија ќе одиграат уште еден контролен натпревар, утре (недела) од 16:00 часот.