четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Стајнс не е целосно фокусиран на Македонија и СП: Причината е смртта на неговиот татко

Стајнс не е целосно фокусиран на Македонија и СП: Причината е смртта на неговиот татко

Очите на холандската спортска јавност се вперени кон ракометниот Мундијал во Полска и Шведска, но особено кон својата најголема ѕвезда Лук Стајнс. Ракометарот на Пари Сен Жермен призна дека не е целосно фокусиран на Светското првенство и не е во најдобра форма.

Причината е смртта на неговиот татко, Леи Стајнс непосредно пред големиот христијански празник, Божиќ. Стајнс вели дека сè уште му е тешко.

„Тоа беше тешко време и ако бидам искрен, сè уште е. Се обидувам да го пополнам сето тоа најдобро што можам и мислам дека успевам доста добро“.

Париз од родниот град на Стајнс, Лимбург е оддалечен четири часа возење, а откако дозна дека неговиот татко не може повеќе да се лекува покрај тренинзите и натпреварите го користеше секој момент за да патува и да го посети. Долгите патувања му одзеде многу енергија.

„Избрав да му дадам приоритет на моето семејство. Тоа не е добро за врвен спортист, но најдобар избор за мене. Останува да најдам нова рамнотежа. Сакам да бидам 100 проценти вклучен во врвниот спорт, имајќи предвид дека тоа не е најважното нешто“, вели ракометарот.

Стајнс се очекува да биде најголемата закана за македонските ракометари на натпреварот во рамки од второто коло од првата групна фаза на Мундијалот во Полска и Шведска.

извор: gol.mk