недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Свирежи за македонските ракометари и од „Фалангата“

Свирежи за македонските ракометари и од „Фалангата“

Македонската ракометна репрезентација е пред убедлив пораз од Аргентина во последниот натпревар од првата фаза на Мундијалот во Послка и Шведска.

На полувремето Македонија губи 11:18, едноставно немавме решение за аргентинскиот напад, скоро ништо не одигравме во одбрана и епилогот е висока негатива по првите 30 минути.

Конкурентни бевме само во почетните минути, а потоа дојдоа проблемите во нападот, правевме и многу технички грешки, па Аргентина полека се „одлепуваше“. Филип Талески постигна три гола, по два постигнаа Манасков и Кузмановски, а по еден Георгиевски, Ѓоргиев, Коста Петров и Пешевски.

Ќе потсетиме, Македонија мора да победи ако сака пласман во следната фаза. Незадоволството од лошата игра на нашта репрезентација беше видливо и кај Македонците на трибините кои во финишот од првите 30 минути испратија силни свирежи.