петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар елиминиран од Ф4 во СЕХА поради ковид

Вардар елиминиран од Ф4 во СЕХА поради ковид

Ракометарите на Вардар 1961 во двомечот со ППД Загреб беа подобри, сепак нема да игра на завршниот турнир кој викендов ќе се одржи во Задар, причината е позитивни случаи на ковид-19.

Во редовите на македонскиот шампион имало позитивни случаи на ковид-19, тие ќе треба да се вратат во Македонија и нема да настапат на Ф4 турнирот во Задар.

Нема детали за кои лица од таборот на Вардар станува збор, а кои се позитивни на ковид, шпекулациите велат дека е само еден играч , но СЕХА реши да го елиминира црвено-црниот табор од завршниот турнир.

На Вардар му е наложено да се врати во Македонија, а на негово место најверојатно ќе настапи ППД Загреб.