четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар сепак ќе има меч до крај на годинава – еве кога и каде ќе игра

Вардар сепак ќе има меч до крај на годинава – еве кога и каде ќе игра

Македонскиот ракометен шампион Вардар сепак ќе одигра еден меч од низата неодиграни поради пандемијата со коронавирус и низата одложувања во новата сезона во Лигата на шампионите, па на 22 декември ќе гостуваат со ПИК Сегед, во мечот што се одложи поради ковид-19 кај унгарскиот тим уште на стартот на сезоната.

Откако црвено-црните ги нападна короната, па поради тоа ги одложија трите меча што требаше во десет дена да ги играат на почетокот на месецов, прво врзаните гостувања со ПСЖ и Порто, а потоа и домашниот меч со ПСЖ, сепак Вардар ќе одигра барем еден меч до крајот на оваа 2020 година и тоа со унгарскиот тим, пишува СПОРТ1.

Дуелот е закажан за 22 декември од 20.45 часот, а деновиве вардарци треба да се вратат на редовните тренинзи, откако ќе им заврши изолацијата во која беа ставени еден ден откако загубија на гостувањето кај Кјелце, после четири заразени ракометари по мечот излегоа позитивни на тестирањето.

Вардар по пет одиграни меча во групата има три бода, еден повеќе од ПИК Сегед кој исто така има одиграно пет средби досега во елитата.