Во третото коло Чешка ќе игра со Украина. И двете репрезентации имаат своја математика. Ако слави Украина со два гола разлика, а Македонија загуби од Австрија, тогаш Македонија, Чешка и Украина ќе имаат по два бода, но понатаму ќе оди Украина, заедно со Австрија. Но ако Украина ја совлада Чешка, нам ќе ни биде доволен и бод од средбата со Австрија. Ако Украина и Чешка играат нерешено, тогаш нам ни треба било каква победа против Австрија.
Ако, пак, земеме дека Чешка реално ќе ја совлада Украина, тогаш нашите математики се следни:
– Ќе ни треба победа против Австрија со 1 гол разлика, но и ќе мораме да постигнеме најмалку 32 гола на таа средба. Во тој случај прва е Австрија, а втора е Македонија.
– Ако ја победиме Австрија со два гола разлика, тогаш пак Австрија е прва, а ние втори, но не ќе мораме да бркаме 32 гола.
– Ако Македонија победи со три гола разлика, тогаш Македонија е прва, а Австрија е втора.
– Ако Македонија победи со 4 или повеќе голови, Македонија е прва, Чешка втора, а Австрија испаѓа од игра.
Извор: Дриблинг.мк