четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Популарната „Јовано Јованке“ одекна по улиците на Краков!

ВИДЕО: Популарната „Јовано Јованке“ одекна по улиците на Краков!

Ракометна Македонија го очекува вториот натпревар на репрезентацијата предводена од Кирил Лазаров на Светското првенство. Ако во првиот меч се знаеше дека Норвежаните се апсолутен фаворит, во вториот Холандија е во стартна предност, ама не е непобедлива.

Средбата од првата рунда во „Таурон Арената“ во Краков мина во знакот на црвено-жолтата боја. Норвешка можеби доминираше на теренот, ама „фалангата“ доминираше на трибините. Слично се очекува да биде и во дуелот против „лалињата“, а македонските навивачи од рано наутро се подготвуваат за натпреварот.

По улиците на полскиот град ечат песни од навивачите од Македонија, а заедно со хармоникаш кој свири во Краков одекна и популарната „Јовано Јованке“.

Атмосферата никогаш не била проблем, каде и да отиде македонската „фаланга“ прави забава и привлекува внимание, па така е и годинава во Краков. Македонија ќе брка изненадување против Холандија во натпревар кој се игра во 18:00 часот.

извор : gol.mk