четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вујовиќ не успеа до сензација против својата Црна Гора

Вујовиќ не успеа до сензација против својата Црна Гора

Црна Гора стигна до првата победа на СП 2023, триумфирајќи над селекцијата на Иран со резултат 34-31. Мотив повеќе за Црногорците беше фактот дека на клупата на Иран седи Веселин Вујовиќ, поранешниот македонски селектор одлично ги имаше подготвено иранските ракометари, што сепак не беше доволно за сензација. Црногорците имаа водство од 19-16 по првото полувреме, Иран на самиот почеток до вториот дел стигна до израмнување, но Црна Гора одигра поквалитетно кога беше најважно и заслужено стигна до победата, анализира ЕКИПА.

Крилото Милош Вујовиќ ги предводеше стрелците со десет погодоци, додека осум гола постигна Бранко Вујовиќ, додека прв стрелец на Иранците беше Ораеи со седум гола.

-Франција рутински ја оправда фаворитската улога против селекцијата на Саудиска Арабија, славејќи со убедливи 41-23. Лен со осум гола беше прв стрелец на „триколорите“, а по шест погодоци постигнаа Турна и Мае. Бразил ја доби јужноамериканската пресметка со Уругвај со 35-24, дуел на кој „триколорите“ победата ја осигураа уште во првото полувреме што го добија со 35-24, пишува порталот.