понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Завршува втората фаза на ЕП, Македонија игра со Данска

Завршува втората фаза на ЕП, Македонија игра со Данска

На ракометното Европско првенство што се одржува во Хрватска, денес на програмата се натпреварите од последниот круг во двете групи од втората фаза.

Македонија по двата пораза ги загуби шансите за полуфинале, но се уште има теоретски шанси за третото место во Групата 2 и учество во натпреварот за петтото место кое обезбедува директно учество на следниот Мундијал.

За да се случи тоа, Македонија треба да ја победи Данска, Шпанија и Германија да не одиграат нерешено и Словенија д аја совлада Чешка.

Средбата Македонија – Данска почнува во 18:15 часот. Претходно од 16 часот играат Словенија – Чешка, а во вечерниот термин од 20:30 се среќаваат Германија – Шпанија.

Табела Група 2: Данска 6 бода, Шпанија 4, Германија 4, Чешка 4, Словенија 3, Македонија 3.