Во Хрватска во последните 24 часа е потврден 41 нов случај на коронавирус, а починало едно лице. Бројот на активни случаи е 749, од кои 133 се на болничко лекување.
Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај во Хрватска, регистрирани се 4.923 случаи, од кои 140 починале, а 4.034 оздравеле.
Во самоизолација се 2.915 лица.
Тестирани се вкупно 114.090 лица, од кои 1.256 во последните 24 часа.