Албански државјанин е уапсен во Италија откако во камионот што го управувал биле пронајдени 467 килограми кокаин.
Според приштинскиот сајт „Репортерс“ се работи за 38-годишен Албанец со иницијали Ц.Е. кој престојува во Фиренца, каде што поседува две градежни фирми.
Arezzo, Italy, reports its largest ever drug seizure: 476 kg of cocaine. The global drug trade is breaking records almost on a daily basis.https://t.co/QNfhYkGljS
— Rupert Stone (@RupertStone83) November 10, 2021
Албанецот бил запрен поради невообичаено цик-цак возење, што предизвикало сомнеж кај полицијата, а во камионот зад поголема количина градежен алат бил пронајден кокаин.
Албанецот ќе остане во притвор до прелиминарно рочиште.