Властите во Албанија најавија нови олеснувања на анти-ковид мерките со што ќе се дозволи да се отвораат просториите во затворен простор,најави премиерот Еди Рама од приморскиот град Валона.
Додаде дека одлуката ќе биде објавена денеска бидејќи „заладува и времето“.
– Бидете посовесни, зголемете ги малку платите. Албанија како ниедна друга земја е без даноци за мал бизнис до 2029 година. Денеска ќе биде објавено соопштение од Министерството за здравство за отворање на рестораните и во внатрешноста. Тоа е проблем сега кога започнува постудено време. Но, додека ги почитувате мерките, не се шегувајте со Ковид. Да биде далеку од секого. Бидете добри и здрави. Успешна работа,порача Рама по посетата на неколку угостителски објекти во Валона.
Во меѓувреме,опозицијата обвини дека тоа е само негов предиборен маркетинг,зашто во земјата и понатаму се регистрираат троцифрени бројки на новозаразени.
Според Демократската партија владата не води доволно грижа за граѓаните и наместо по најмалку 2.000 тестови и понатаму дневно врши само нешто повеќе од 800,од кои ковид се дијагностицира во просек кај 150.
Демократската партија ги повикува сите директори на училиштата да не ги почитуваат наредбите на Еди Рама, бидејќи според нив тие се на штета на здравјето на наставниците, учениците и на штета на квалитетот на наставата. (МИА)