Одлуката на Комитетот на министри на Советот на Европа, со која Косово е чекор поблиску до членство во Парламентарното собрание на оваа организација ја поздравија албанските високи државни претставници и посакаа многу бргу да стане членка.
– Ја поздравувам одлуката на Комитетот на министри, да го проследи легитимното барање на Косово за членство во Советот на Европа до Парламентарното собрание. Честитки Косово и што побрзо полноправна членка во Советот на Европа, напиша претседателот Бајрам Бегај на социјалните мрежи.
Министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, одлуката на Комитетот ја оцени како одлична вест одобрувањето на Комитетот.
– Комитетот на министри одлучи да го прифати барањето на Косово за членство и да го испрати до Парламентарното собрание да го даде своето мислење. Прв, важен чекор за да му го дадеме на Косово заслуженото место во Советот, пишува Џачка во својата објава на социјалните мрежи.
Претседателката на парламентот Линдита Никола го нарече достигнување за Косово, но и за Албанија, бидејќи Собранието на Албанија, според неа, е вклучено во интензивна лобистичка активност за постигнување на оваа цел.
Комитетот на министри на Советот на Европа денеска на вонредна седница со 33 од потребните 31 глас одлучи да го проследи барањето на Косово за прием во таа паневропска организација до Парламентарното собрание на консултации.