сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Албанија со убедливо најниска инфлација во регионот

Албанија со убедливо најниска инфлација во регионот

Албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај на редовната месечна конференција за движењата во економијата, соопшти дека инфлацијата забележана во Албанија е значително помала во однос на земјите од регионот.

-Инфлацијата во август изнесува 8 отсто, додека осум-месечниот просек е 6,1 отсто, што значи дека и понатаму имаме најниска стапка на инфлација во регионот. Во Косово инфлацијата во август е 11,2 отсто, во Северна Македонија 11,6, во Србија 10,5, во Црна Гора 11,1 отсто, изјави таа.

Додаде дека земјата забележала пониска просечна инфлација од онаа во Европската Унија, која била 7,6 отсто, што е повисока од онаа во Албанија 1,5 отсто.

Министерката објасни дека главно влијание врз инфлацијата има групата храна и транспорт.

– Впрочем, пониското ниво во однос на регионот доаѓа како резултат на активноста во државата и спецификите. Инфлацијата се состои од увезена инфлација на ниво од 60 отсто а само 40 отсто е под влијание на цените во земјата. Одлучивме да не ја зголемуваме цената на струјата, што индиректно се одрази на незголемување на производните трошоци во земјава, посочи таа.

Нагласи дека оваа политика директно се одразила на буџетите на албанските семејства, со оглед на тоа што „цената на струјата не е зголемена за ниту едно домаќинство или мал бизнис”. (МИА)