Грчките противпожарни служби и луѓе од вооружените сили го истражуваат местото каде што во текот на ноќта се урна авион „Антонов“, во заедницата Антифилипи во општината Пангаиос, западно од Кавала.
На местото на настанот е подигнат дрон за да се испита целата област каде што се урнало леталото. Првите снимки се шокантни бидејќи покажуваат дека ништо не останало од авионот, а неговиот „труп“ е изгубен во полињата во областа.
Според она што досега познато, транспортниот авион полетал од Србија за Јордан со комерцијален транспортен лет, имал осумчлен екипаж и превезувал „опасен товар“ – муниција од вкупно 12 тони.
Авионот се урнал откако пилотот побарал итно слетување во Кавала, но не успеал да стигне до аеродоромот.