среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Автобус излетал од патот, најмалку три лица загинаа

Автобус излетал од патот, најмалку три лица загинаа

Денеска попладне на патот Цетиње-Будва се случи сообраќајна несреќа во која најмалку три лица загинаа, а повеќе се повредени.

Како што пренесуваат од „Вјести“, автобусот слетал на релација Обзовица – Брајиќ.

Повредените се извлекуваат од возилото, пренесе медиумот.

На местото на несреќата биле испратени сите расположливи полициски сили од Будва и Цетиње, а на пат кон Обзовица биле и припадници на специјалните полициски единици.

На терен имало шест возила на брзата помош. Од Службата за заштита и спасување на Будва за „Вјести“ велат дека испратиле три возила со пожарникари бидејќи имало многу повредени.

На екипите на итната помош, лекарите и на медицинскиот персонал на Клиничкиот центар, како и на цетинската болница, им била дадена препорака сите екипи да бидат подготвени да ги примат повредените.

„На магистралниот пат Цетиње – Будва се случила сообраќајна незгода, при што автобус слетал од коловозот. На самото место се сите расположливи единици на Полициската управа, итната медицинска помош и Управата за вонредни состојби“, соопштија од Управата на полиција на мрежата Х.