понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Барањето на Косово за прием во Советот на Европа влезе во процедура

Барањето на Косово за прием во Советот на Европа влезе во процедура

Комитетот на министри на Советот на Европа денеска на вонредна седница одлучи да го проследи барањето на Косово за прием во таа паневропска организација до Парламентарното собрание на консултации.

Во одлуката објавена на веб-страницата на Советот на Европа, Комитетот на министри се повикува на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија од 27 февруари и неговиот анекс за спроведување од 18 март, на кој лидерите на двете страни постигнаа договор во дијалог со посредство на ЕУ.

За одлуката на Комитетот на министри е потребно двотретинско мнозинство.

Парламентарното собрание на СЕ утре во Стразбур ќе ја започне својата редовна пролетна сесија.