понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Баша обвини дека бизнисот во земјата пропаѓа по вина на Рама

Баша обвини дека бизнисот во земјата пропаѓа по вина на Рама

Албанската опозиција повторно ја обвини Владата на премиерот Еди Рама за тешката состојба низ која минува бизнисот.

Лидерот на најголемата опозициска демократска партија Љуљзим Баша, оценува дека се се случува поради тоа што „Рама се грижи единствено за криминалот и олигарсите“.

– Со Еди Рама на чело на Владата, криминалот и олигарсите се збогатуваат а бизнисот пропаѓа, вели Баша во видео порака  на социјалните мрежи.

Според бројките кои ги наведува,само во месец септември на 1.978 бизниси е ставен клуч на врата,што е двапати повеќе споредено со истиот месец лани, кога биле затворени 838 бизниси.

– Со влада на чие чело е Еди Рама,секоја година е се полошо за поголемиот број бизниси. Бројките говорат дека фирмите кои банкротирале, во деветте месеци од оваа календарска година  е двојно поголем, споредено со истиот период лани, тврди Баша.

Посочува дека во периодот јануари-септември 2017 година биле затворени 6.969 додека во истиот период оваа година 11.292 фирми.

Тој на крај упатува апел дека „колку подолго Рама е на власт,толку повеќе бизниси ќе пропаѓаат“.

И претходно опозицијата обвини дека „поради високите даноци,кои постојано се зголемуваат“ секојдневно по педесеттина фирми се затвораат.

– Претприемачите се жалат на притисокот од владата а нивните бизниси се во криза поради високите даноци,намалената потрошувачка,намалената куповна моќ,што потврдува дека секојденвно економијата изумира, обвини опозицијата.