Специјалниот суд за Косово денеска одеднаш го прекина молкот на најдраматичен моен начин, откривајќи не само дека косовскиот претседател Хашим Тачи е обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото, туку и дека го обвинува за повеќекратни обиди за опструирање и поткопување на работата на судот, пишува Би-Би-Си.
-За секој кој некогаш се обидел да добие информации од Специјализираните совети на судот, ова е неверојатен развој на настаните, објаснува дописникот на Би-Би-Си од Балканот, Гај де Лони.
Во својата анализа тој проценува дека од фактот дека е поднесено обвинение против Хашим Тачи повеќе изненадува како е тоа сторено.
Според него, од основањето во 2016 година, судот не открил буквално ништо за неговата работа. Дури и кога поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај минатата година кажа дека бил сослушан како осомничен, судот не го потврди тоа.
Се потсетува дека судот е основан да ги испита наводите од извештајот на Советот на Европа во 2011 година во кој Тачи беше назначен за водач на криминална група на ОВК, вклучена во трговија со дрога, оружје и човечки органи.
Во тоа време, Тачи изјави дека извештајот на Советот на Европа соддржи „неосновани обвиненија“ и се закани дека ќе го тужи авторот на извештајот , швајцарскиот сенатор Дик Марти.