Најмалку 32.000 луѓе во Босна и Херцеговина се отпуштени од работа од почетокот на епидемијата на коронавирус, а работодавците најавуваат дека слична судбина ги чека уште десетици илјади повеќе кои сè уште имаат работа, пренесува дневник.ба.
Според збирните податоци на Агенцијата за статистика на БиХ, повеќе од 23 илјади работници биле отпуштени во Федерацијата БиХ од средината на март до 20 јули, додека повеќе од девет илјади ги загубиле своите работни места во Република Српска.
Сепак, овие податоци се показател за само дел од проблемот, затоа што работодавците во БиХ не регистрираат голем број работници, ниту пак им плаќаат придонеси, а се претпоставува дека најголем број од оние кои ги загубиле своите работни се токму меѓу нив.