Српската премиерка, Ана Брнабиќ кажа дека Србија има за цел да го зачува мирот и стабилноста во регионот.
„Мислам дека во Брисел се разговара за мирот и тема на разговор се некои работи, како табличките и личните карти за кои косовскиот премиер Албин Курти постојано провоцира, а на нас останува да го спречиме тоа што се подготвуваше на 31 јули, а тоа е физички напад и протерување на Србите“, кажа Брнабиќ.
Србите на Косово и Метохија сакаат присуство на КФОР бидејќи ја обезбедува нивната сигурност, кажа српската премиерка.