Црна Гора има залихи на храна и гориво за следните два-три месеци, изјави денеска државниот секретар во Министерството за економски развој на Црна Гора, Милена Липовина Божовиќ.
– Ќе ја следиме ситуацијата на терен, доколку има потреба ќе реагираме, сето тоа согласно законските прописи, изјави таа на прес-конференција.
Божовиќ додаде дека земјата е осудена да ги трпи последиците од она што се случува на глобално ниво.
– Сега тоа дополнително се изразува поради украинската криза и за очекување е притисокот врз цените да биде поголем, истакна Липовина Божовиќ.