Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави ја поддржа јавната изјава на спикерот на парламентот, Кадри Весели за Специјалниот суд.
Весели изјави дека Специјалниот суд е штетен за Косово, но оти тој ќе биде формиран бидејќи косовската држава нема моќ да го спречи тоа.
Американскиот амбасадор Делави го поддржа овој став на Весели и на други косовски функционери кои искажуваат поддршка за Специјалниот суд.
– Ја поздравувам јавната изјава на претседателот на Собранието Весели и другите политички лидери кои го поддржуваат, напиша амбасадорот Делави на Фејсбук.