петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Демарш од Атина до Анкара за француски истражувачки брод

Демарш од Атина до Анкара за француски истражувачки брод

Грчката амбасада во Анкара испратила демарш до турската страна во врска со францускиот истражувачки брод што плови по издадена Навтекс од Грција, објавија грчките медиуми повикувајќи се на дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција коментираат дека поради францускиот брод, што врши истражувања југоисточно од Крит во морскиот дел од грчко- египетскиот договор, предизвикало тензии меѓу Грција и Турција, а Анкара, веднаш по грчката Навтекс издала анти-Навтекс и испратила фрегата во поширокиот регион.

Портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану вчера коментираше дека конкретната навигациска информација (Навтекс) била издадена од Грција, бидејќи конкретниот регион е во грчка надлежност.