Анонимната дојава за бомба во бар на плажа во црногорското летувалиште Чањ била лажна, пишува подгорички „Вијести“.
Припадниците на Антитерористичиот тим (АТТ) извршиле увид и не пронашле бомба.
„Бич бар“ и плажата каде што се наоѓа се евакуирани, а полицијата го обезбедува местото на настанот. (МИА)