четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Дури 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

Дури 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат нивната земја да се приклучи на НАТО алијансата, објави денеска киевската Агенција за испитување на јавното мислење, повикувајќи се на резултатите од истражувањето спроведено откако Киев поднесе барање за членство во воениот блок.

Агенцијата „Рејтинг груп“ спроведе истражување на примерок од 2.000 испитаници на 1 и 2 октомври, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот објави дека Украина поднесува забрзана апликација за членство во НАТО.

Ова е највисокиот регистриран процент на луѓе во Украина кои го поддржуваат членството во НАТО, соопшти „Рејтинг груп“.

Само четири отсто од испитаниците рекле дека би гласале против влезот во блокот, а девет отсто рекле дека воопшто нема да гласаат.

Во ноември минатата година, 55 отсто од испитаниците го поддржаа приклучувањето кон Алијансата, што покажува колку се промени јавното мислење откако Русија ја започна инвазијата на Украина.

Со години Русија се спротивставува на проширувањето на НАТО, кое го смета за безбедносна закана. (МИА)