понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Епидемија на птичји грип во Бугарија

Епидемија на птичји грип во Бугарија

Бугарската агенција за безбедност на храна соопшти денеска дека на фарма за патки во село на севроисток во државата е регистрирана епидемија на птичји грип.

Околу фармата е поставена затштитна зона од околу три километри и властите почнале со уништување на живината. Тоа е втора епидемија на птичји грип во селото Стефаново од октомври кога таму беа уништени 10.000 патки.

Засега не соопштено за кој вид птичји грип се работи. Од декември во Бугарија се регистрирани неколку епидемии на таа болест. Во некои случаи откриена е патоген вид на птичјиот вирус Х5Н8.